
Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници лишиле од слобода возач од Македонска Каменица поради управување на возило под дејство на алкохол.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, лицето управувало мопед, а при извршената контрола му биле измерени 1,52 промили алкохол во крвта.
Од МВР посочуваат дека против лицето ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“.





