
Полициски службеници лишиле од слобода лице од Македонска Каменица, откако при извршена контрола било утврдено дека управувало моторно возило без да поседува соодветна возачка дозвола.
Случајот е евидентиран во текот на изминатото деноноќие, а по неговото целосно документирање против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Од Полициското одделение Македонска Каменица апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит, доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол, со цел сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.




