14/06/2026

Рекле дека одат на риболов, а извршиле масакр на Бонди Бич: детали за терористичкиот напад во Сиднеј во кој загина фудбалер на македонски клуб

  • Сајид и Навид Акрам, татко и син, се обвинети за масакрот на плажата Бонди Бич во Австралија, во кој загинаа 15 лица.
  • Пред нападот, на своето семејство им рекле дека одат на риболов, објави Би-Би-Си повикувајќи се на „Сиднеј Морнинг Хералд“.
  • Денот започнал како и секој друг, со вообичаени семејни активности.
  • Навид ѝ се јавил на мајка си и рекол дека бил на пливање и нуркање и дека планирале да останат дома поради жештините.
  • Навид бил австралиски државјанин и уште во 2019 година бил следен од властите, но тогаш не бил оценет како закана.
  • Полицијата соопшти дека нема докази дека биле дел од организирана терористичка ќелија.
  • Сепак, премиерот Ентони Албанезе изјави дека нападот бил мотивиран од екстремистичка идеологија и лојалност кон Исламска држава.
  • Локалните медиуми шпекулираат дека таткото и синот се заколнале на верност на Исламска држава.
  • Таткото пристигнал во Австралија во 1998 година со студентска виза, која подоцна била префрлена во партнерска, а потоа и во виза за постојан престој.