Ден Елкајам, кој е француски државјанин, фудбалер на македонскиот клуб Рокдејл Илинден е убиен во терористичкиот напад во Сиднеј на плажата Бонди во Сиднеј.

За овој немил настан информираше неговиот матичен клуб на социјалната мрежа фејсбук, како и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро.
Нападот го извршиле татко и син, при што биле убиени 15 лица, а околу 40 биле повредени. Нападот се случил на плажата Бонди, каде во тој момент се одржувал настан по повод првиот ден од еврејскиот празник Ханука. Инцидентот официјално е прогласен за терористички напад.






