Синдикалната минимална кошница за декември, пресметана од Сојуз на синдикати на Македонија (ССМ), изнесува 65.492 денари, што е зголемување од 319 денари во однос на ноември. Со изнајмен стан од 60 м², вкупниот износ достигнува 80.867 денари.
Најголем дел од средствата се потребни за храна и пијалаци (23.640 денари), по што следуваат трошоците за образование, домување, облека, транспорт и комуникации.
Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, најави дека од 1 јануари Владата ќе воведе и пресметка на просечна потрошувачка кошница за најмалку четиричлено семејство, за што ќе се разговара на Економско-социјалниот совет на 22 декември.
Извор:






