14/06/2026

Од јули нови директни летови од Скопје до Сицилија и Сардинија

GDN HA LVB 1

Од јули можеме да планираме нови интересни патувања до едни од најпознатите светски туристички дестинации – Сицилија и Сардинија, со директни летови од Скопје.

ТАВ Македонија соопшти дека летово „Визер“ воведува линии до Палермо – порта кон богатата култура, историја и светски позната кујна на Сицилија (од 15 јули, 3 пати неделно: понеделник, среда и петок) и до Алгеро – почетна точка за откривање на кристално чистите води и златните плажи на Сардинија (од 18 јули, 2 пати неделно: вторник и сабота).

Авионските билети се веќе достапни за продажба на веб-страницата на „Визер“.