14/06/2026

Викенд со обилни врнежи, силен ветер и нестабилно време – од среда стабилизација и повеќе сонце

weather station 5580 1280

Македонија е под влијание на длабок циклонски систем со центар над Џеновскиот залив, кој го проширува своето влијание кон нашиот дел од Европскиот континент и условува формирање на голем влажен бран.

За време на викендот се очекуваат обилни и поројни врнежи од дожд, локално и над 30 литри на метар квадратен, особено во текот на ноќта кон недела и во недела (15 февруари).

Локално атмосферските процеси ќе бидат изразени во форма на невреме проследено со пороен дожд, силен јужен ветер (над 60 км/час) и појава на грмежи.

На високите планини во западните и северозападните предели, над 1400–1500 метри надморска височина, врнежите ќе бидат од снег.

Температури

Поради јужното воздушно струење, температурите ќе останат над просекот за овој период од годината.

  • Дневните температури до понеделник ќе се движат од 12 до 17°C
  • Во централните и југоисточните предели можно е да достигнат и до 20°C
  • Вторник ќе биде посвеж со дневни од 6 до 10°C
  • Од среда повторно следува пораст, со дневни од 11 до 16°C
  • Утринските температури постепено ќе се спуштаат, особено кон крајот на периодот (од -2 до 4°C)

Ветер

За време на врнежливите денови ќе дува умерен до засилен ветер, особено од јужен и југоисточен правец, со удари над 60 км/час.
Од среда и четврток, со стабилизацијата, ќе има северен до североисточен ветер кој ќе носи посвежи утра.

Скопје – посебна прогноза

Во Скопје следува врнежлив и нестабилен период, со обилен дожд за време на викендот и повторно врнежи во вторник.

  • Сабота и недела: дожд, локално пообилен, засилен ветер
  • Понеделник: облачно со поретки врнежи
  • Вторник: дожд и најстуден ден во неделата
  • Од среда: стабилно, сончево и суво време

Максималните температури ќе се движат од 7°C до 16°C, додека минималните постепено ќе опаѓаат и кон крајот на периодот ќе се спуштат до -2°C.

Периодот што следува ќе биде променлив и динамичен, со изразени врнежи за време на викендот и во вторник, по што следува стабилизација на времето со повеќе сончеви периоди и постепен пораст на дневните температури.