
Градоначалникот на Општина Македонска Каменица донесе одлука за распишување на избор за Претседател и членови на Советите на повеќе месни заедници.
Според објавените информации, изборите ќе се одржат по следниот распоред:
– за МЗ Дулица – на 25.03.2026 година (среда) со почеток во 18:00 часот, во зградата на училиштето во Дулица.
– за МЗ Косевица – на 26.03.2026 година (четврток) со почеток во 18:00 часот, во зградата на месната заедница во Косевица.
– за МЗ Луковица – на 27.03.2026 година (петок) со почеток во 18:00 часот, во зградата на училиштето во село Луковица.
– за МЗ Тодоровци – на 27.03.2026 година (петок) со почеток во 19:00 часот, во зградата на месната заедница во Тодоровци.
Од Општината информираат дека во наредниот период ќе бидат организирани избори за претседател и членови на советите и во останатите месни заедници.
Граѓаните се повикуваат да земат активно учество во изборниот процес и да придонесат во функционирањето и развојот на своите локални заедници.






