
Градоначалникот на Општина Македонска Каменица донесе одлука за распишување на избор за Претседател и членови на Советите на месните заедници.
Изборниот процес ќе се реализира во неколку термини, согласно утврдениот распоред:
30.03.2026 година (понеделник)
• МЗ Цера 1 – 18:00 часот, зграда на училиштето во с. Цера 1
• МЗ Цера 2 – 19:00 часот, зграда на училиштето во с. Цера 2
01.04.2026 година (среда)
• МЗ Моштица 1 – 18:00 часот, зграда на месна заедница во с. Моштица 1
• МЗ Моштица – 19:00 часот, зграда на училиштето во с. Моштица
02.04.2026 година (четврток)
• МЗ Костин Дол – 18:00 часот, зграда на училиштето во с. Костин Дол
Од општината информираат дека во наредниот период ќе биде спроведен избор и во останатите месни заедници.






