14/06/2026

Македонска Каменица се подготвува за спектакуларен дочек на Новата година!

Плоштадот во Македонска Каменица е свечено украсен и блеска во полн празничен сјај, подготвен да ги пречека граѓаните и посетителите за дочекот на Новата година.

Празничната атмосфера, светлосните украси и новогодишната декорација создаваат топол и радосен амбиент во срцето на градот, кој веќе пулсира во знакот на прославата.

Кулминацијата на новогодишната вечер ќе биде музичкиот настап на Антониа Гиговска, која со својата енергија и хитови ќе донесе незаборавна забава и вистинска празнична магија за сите генерации.

Македонска Каменица со отворено срце и блескав плоштад ја пречекува Новата година – заедно, со музика, радост и позитивна енергија.