14/06/2026

Дочек на Новата 2026 година со Антониа Гиговска во Македонска Каменица

Да ја пречекаме Новата 2026 година со Антониа Гиговска – една од најпрепознатливите и најмоќните вокали на македонската музичка сцена. Нејзините настапи секогаш носат силни емоции, динамика и неизмерна енергија, а оваа новогодишна ноќ ќе биде незаборавна.

Ве очекуваме на Градскиот плоштад во Македонска Каменица на 31 декември, со почеток од 22:00 часот, заедно да создадеме празнична атмосфера и да ја започнеме 2026 година со музика, радост и позитивен дух.

Се гледаме таму!