
Од КИЦ „Романса“ информираат дека од денес, со почеток од 17:00 часот, повторно ќе бидат пуштени во функција празничните куќарки на Градскиот плоштад во Македонска Каменица, со што продолжува празничната атмосфера во градот, придружена со тивка и пријатна новогодишна музика.
Дополнително, утре (вторник), со почеток од 09:00 часот, на плоштадот ќе се емитува бадникова музика, во духот на претстојниот празник, македонската традиција и празничното расположение.
Од КИЦ „Романса“ упатуваат покана до граѓаните да прошетаат низ центарот на градот и да уживаат во празничниот амбиент.






