14/06/2026

Концертот на Антониа Гиговска преместен за 13 јануари

Антониа Гиговска 4

Поради откажувањето на новогодишната програма, во рамки на која беше планиран настапот на Антониа Гиговска, концертот се преместува и ќе се одржи на 13 јануари на градскиот плоштад во Македонска Каменица, со почеток од 19:00 часот.

Организаторите информираат дека за сите дополнителни информации и евентуални измени, јавноста ќе биде навремено известена.