Направивме краток разговор со директорката на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Македонска Каменица, Александра Ѓеоргиевска, која ни пренесе информации за тековните активности и реализацијата на проектите во училиштето.
„Кога приоритет се учениците, наставниците и сите вработени, секој чекор води кон подобро, посилно и поефикасно училиште.
Со особено задоволство ја споделуваме веста за конечното решавање на повеќедеценискиот проблем со греењето во спортската сала. По долги години на недоволни услови, ставаме крај на студот и неповолната средина за работа. Обезбедивме топла, модерна и функционална спортска сала во која учениците ќе ја реализираат наставата по физичко и здравствено образование онака како што заслужуваат — во удобна, мотивирачка и здравствено соодветна атмосфера.
Овој значаен инфраструктурен исчекор е симбол на визија и одговорност, но претставува и само една од многуте активности насочени кон унапредување на квалитетот на нашето училиште.
Реализирани се бројни други проекти кои ќе бидат јавно презентирани во наредниот период, а во тек се и нови иницијативи што планираме да ги спроведеме со поддршка на Општина Македонска Каменица и градоначалничката Соња Стаменкова. Нашата заедничка цел е создавање уште подобро, модерно и функционално училиште за сите ученици.
Заедно го градиме училишното опкружување што нашите деца вистински го заслужуваат. Ова е чекор напред и само почеток на вистинската промена. Создаваме средина во која секое дете учи, расте и напредува.
Ова е само почеток.“ – порача директорката Александра Ѓеоргиевска.






