
Поради неповолните временски услови, организаторот донесе одлука новогодишниот базар, кој првично беше планиран да се одржи на градскиот плоштад, да се реализира во затворен простор.
Новогодишниот базар ќе се одржи на 25.12.2025 год.(четврток), во спортската сала на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Македонска Каменица, со цел да се обезбедат подобри услови за сите учесници и посетители, како и непречено одвивање на програмата.
Ве покануваме да бидете дел од празничната атмосфера, да уживате во новогодишната магија, културно-забавната програма и понудата подготвена од учесниците.
Ви благодариме на разбирањето и Ве очекуваме на новогодишниот базар!






