13/08/2026

Бојан Илиевски доаѓа во Македонска Каменица: Победникот на „Ѕвездите на Гранд“ ќе настапи на „Каменичко културно лето 2026“

Македонска Каменица и годинава ќе биде домаќин на „Каменичко културно лето“, а музичката програма ќе започне со настап на едно од најактуелните имиња од регионалната музичка сцена.

Бојан Илиевски, победникот на натпреварувањето „Ѕвездите на Гранд“ за сезоната 2025/2026, ќе биде еден од изведувачите на првата вечер од „Каменичко културно лето 2026“.

Бојан Илиевски настапува на „Каменичко културно Лето 2026“ во Македонска Каменица

Бојан ќе настапи на 26 август на Градскиот плоштад во Македонска Каменица, каде пред каменичката публика ќе ги изведе најголемите балкански хитови.

Победата во едно од најпопуларните музички натпреварувања во регионот му донесе голема популарност, а неговиот настап во Македонска Каменица ќе биде одлична можност публиката во живо да ужива во неговиот вокал и музички перформанс.

Првата вечер на „Каменичко културно лето 2026“ ветува одлична музика, забава и атмосфера на Градскиот плоштад.

📅 26 август 2026
📍 Градски плоштад, Македонска Каменица
🎤 Бојан Илиевски

Следете ја Каменица24 за повеќе информации и за целосната програма на „Каменичко културно лето 2026“.