14/06/2026

Македонија вечерва против Данска за чекор поблиску до Мундијалот

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва (20:45 часот) на стадионот „Паркен“ во Копенхаген ќе го одигра полуфиналниот плејоф натпревар за пласман на Светското првенство.

Избраниците на селекторот Гоце Седлоски се исправени пред сериозен предизвик, но во таборот владее оптимизам и силна верба во успех. Влогот е огромен – само два чекори делат до пласман на Мундијалот.

trening kopenhagen 1024x708 1

„Ова е голем момент за сите нас. Имаме шанса да се бориме за место на Светско првенство и тоа е мотив што ја обединува целата држава. Данска е квалитетен противник, но и ние сме тука со причина. Во тимот гледам енергија, концентрација и желба. Играчите го разбираат значењето на дресот и верувам дека тоа ќе го покажат на теренот“, изјави селекторот Седлоски.

Капитенот Енис Барди истакна дека атмосферата во репрезентацијата е на високо ниво и дека тимот е максимално подготвен.

„Добро ги анализиравме сите детали. Свесни сме против кого играме, но имаме свои адути. Извлековме важни лекции од претходните натпревари и напредувавме како тим. Новите играчи се вклопија одлично и функционираме како едно“, рече Барди.

Натпреварот меѓу Данска и Македонија започнува во 20:45 часот, а стадионот „Паркен“ е целосно распродаден, што дополнително ветува одлична атмосфера за овој важен дуел.

Очите на македонската јавност вечерва ќе бидат вперени кон Копенхаген, со надеж за нов историски успех на националниот тим.