14/06/2026

ОВИЕ АВТОМОБИЛИ СЕ НАЈИЗДРЖЛИВИ: „AUTO BILD“ ГИ ОТКРИ МОДЕЛИТЕ СО НАЈМАЛКУ ДЕФЕКТИ ПО 100.000 КМ

Германското автомобилско списание „Auto Bild“, врз основа на долгорочни тестирања кои опфаќаат и до 100.000 изминати километри, објави листа на најиздржливите автомобили со најмалку дефекти.

Тестовите се спроведуваат со години и вклучуваат возење во различни услови – од кратки градски релации до долги патувања по автопат, со што се добива реална слика за квалитетот, издржливоста и сигурноста на возилата.

На врвот на листата се најде Audi A3 Sportback g-tron, тестиран во 2017 година, кој доби највисока оценка 1+. Според „Auto Bild“, овој модел покажал врвен квалитет, сигурна технологија и речиси никакви слабости, ниту во секојдневната употреба, ниту при деталното расклопување.

Истата оценка ја доби и BMW M3 (2023), опремен со мануелен менувач и карбонско-керамички сопирачки.

noelsch audi a3 2095801

На третото место е Audi A4 Avant TFSI ultra (2019) со оценка 1, без поголеми проблеми, додека веднаш зад него се најде Audi A6 Avant 40 TDI (2021), кај кој единствена забелешка биле сензорите за паркирање.

Во топ 5 се најде и BMW Z4 sDrive 30i (2021), кој го поминал тестот без абење, дефекти и без потреба од дополнителни посети на сервис.

Меѓу добро рангираните модели се и:
Seat Ateka 1.4 Eco TSI Style (2020), со одлични перформанси, но со забелешки за удобност при долги патувања
VW T-Cross 1.0 TSI (2023), кој поминал 100.000 км без ниту еден дефект, освен минимална површинска корозија
BMW 320d Touring (2022), со мали функционални слабости и повисоки трошоци
Mazda CX-5 Skyactiv-D 184 AWD (2021), без значајни дефекти и со одлична издржливост на моторот
Suzuki Swift Sport 1.4 Boosterjet (2021), кој покажал солидна сигурност, но со помала заштита од корозија

Овие резултати потврдуваат дека долгорочните тестирања даваат најреална слика за вистинскиот квалитет на автомобилите, далеку од лабораториски услови и краткорочни впечатоци.