14/06/2026

Македонска Каменица во знакот на женската кошарка – стартува Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“

36302de7 6696 4868 a4cc 2707227887e5

Македонска Каменица за првпат е домаќин на завршниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ во женска конкуренција, со што градот станува центар на македонската клупска кошарка.

Ова е 34-то издание на „Фајнал-фор“ турнирот, кој ќе го даде новиот освојувач на Купот, по минатогодишниот шампион Вардар.

Во следните два дена, за трофејот ќе се натпреваруваат Крива Паланка, Бадел 1862, МЗТ Бела Вода и домаќинот Баскет Кам 2011. За првпат во историјата завршницата се игра во Македонска Каменица – град кој го има актуелниот шампион и финалист од минатото издание на Купот.

7e834dcf 3b89 4f03 9fa0 540b22fa0a36

Турнирот беше официјално отворен од градоначалничката Соња Стаменкова, која на присутните екипи им посака добредојде и успешни натпревари, нагласувајќи го значењето на овој спортски настан за градот и спортската јавност.

Полуфиналните натпревари се играат во спортската сала „Кирил и Методија“. Во сабота од 15.00 часот се среќаваат Баскет Кам 2011 и МЗТ Бела Вода, додека од 17.30 часот силите ќе ги одмерат Крива Паланка и Бадел 1862.

Големото финале е закажано за 22 февруари (недела) со почеток од 18.00 часот.

Во наредните два дена, Македонска Каменица ќе живее во ритамот на кошарката.