
Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството – Работна единица Делчево успешно реализираше едукативни средби со земјоделците, на кои беа опфатени актуелни теми од значење за земјоделското производство.
На средбите се дискутираше за:
– Програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за 2026 година, и
– Прихраната на есенските посеви
Присутните земјоделци имаа можност да добијат стручни совети, практични насоки и одговори на прашања поврзани со тековните активности и мерки за поддршка.
Ваквите средби придонесуваат за подобра информираност и унапредување на земјоделското производство.







