14/06/2026

Променливо облачно време со можност за слаб дожд, од утре следува стабилизација

weather station 5580 1280

Времето денеска ќе биде променливо облачно, а во утринските и претпладневните часови во западните делови од земјата ќе има услови за слаб локален дожд.

Во текот на попладнето се очекува постепено намалување на облачноста. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 1 до 6 степени, додека максималната дневна температура ќе достигне од 11 до 16 степени Целзиусови.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, а претпладне во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6 степени, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Според прогнозите, во наредните денови следува период на претежно стабилно време. Утрата ќе бидат посвежи, додека преку денот ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност.