14/06/2026

Ведро и ладно утро, викендов нов ладен бран со можен снег и во градовите

wintry 2993370 1280

Во утринските часови низ Македонија преовладува ведро и студено време, со температури кои речиси насекаде се под нулата. Поради ниските температури, регистрирана е појава на слана и мраз, додека во западните делови од земјата има нешто повеќе облачност. Во најголем дел од територијата времето е тивко и без изразен ветер.

Најстудено утрово е измерено во Берово и во Скопје – Петровец, каде температурата се спушти до –5 степени Целзиусови.

Според најавите, викендот што претстои ќе донесе продор на нов ладен бран од исток и североисток. Овој бран ќе услови дополнителен пад на утринските, но и на максималните дневни температури. Облачноста ќе се зголеми, а ќе има и појава на слаби локални врнежи, кои постепено и во пониските места, односно во градовите, ќе преминуваат во снег.

И во Скопје и околината за време на викендот се очекува зголемена облачност, со услови за повремени слаби врнежи од дожд и снег.

Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и југоисточен правец, а во недела, на 18 јануари, ветерот ќе го промени правецот и ќе дува од североисток.

Што се однесува до температурите, утринските вредности во сабота, 17 јануари, ќе се движат од –3 до 4 степени, додека во недела, 18 јануари, се очекува дополнителен пад и тие ќе се спуштаат од –6 до 2 степени. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервал од –3 до 6 степени, особено во неделните часови.