14/06/2026

Филмската проекција „One More Game – Уште една игра“ на 18 март во Домот на културата во Македонска Каменица

На 18 март со почеток во 19:00 часот, во Домот на културата во Македонска Каменица ќе се одржи филмска проекција на филмот „One More Game – Уште една игра“.

Станува збор за возбудлива филмска приказна исполнета со неизвесност, динамична содржина и силна актерска екипа која ја води публиката низ настани што го задржуваат вниманието до самиот крај.

film 1803

Проекцијата ќе се одржи во салата на Домот на културата, а цената на влезницата изнесува 100 денари. Влезниците се веќе пуштени во продажба и заинтересираните граѓани можат навреме да си обезбедат место.

Организаторите ги покануваат сите љубители на филмот да бидат дел од оваа филмска вечер и да уживаат во уште еден културен настан во Македонска Каменица.