14/06/2026

Распишан избор за Претседател и членови на Советите на месни заедници во Општина Македонска Каменица

grb makedonska kamenica bela pozadina

Градоначалникот на Општина Македонска Каменица донесе одлука за распишување на избор за Претседател и членови на Советите на месните заедници.

Изборниот процес ќе се реализира во неколку термини, согласно утврдениот распоред:

30.03.2026 година (понеделник)
• МЗ Цера 1 – 18:00 часот, зграда на училиштето во с. Цера 1
• МЗ Цера 2 – 19:00 часот, зграда на училиштето во с. Цера 2

01.04.2026 година (среда)
• МЗ Моштица 1 – 18:00 часот, зграда на месна заедница во с. Моштица 1
• МЗ Моштица – 19:00 часот, зграда на училиштето во с. Моштица

02.04.2026 година (четврток)
• МЗ Костин Дол – 18:00 часот, зграда на училиштето во с. Костин Дол

Од општината информираат дека во наредниот период ќе биде спроведен избор и во останатите месни заедници.