Општина Македонска Каменица продолжува со активности за подобрување на локалната патна инфраструктура во населените места.
Како што информираше градоначалничката Соња Стаменкова, во село Костин Дол се реализирани активности за санација на оштетувањата на коловозот, рехабилитација и асфалтирање на дел од патот во должина од 220 метри. Со реализацијата на овој зафат се подобруваат условите за безбедно одвивање на сообраќајот и секојдневното функционирање на жителите.

Воедно, денеска започнаа и градежните работи на патот кон Папурица, проект кој е од значење за локалното население и за подобрување на пристапноста во овој дел од општината.
Од Општината најавуваат дека во наредниот период ќе биде распишана и јавна набавка за реконструкција на патниот правец од влезот во село Луковица до маало Чорбаџиите.
Според најавите, активностите се дел од континуираните заложби за подобрување на инфраструктурата и условите за живот во сите населени места на територијата на Општина Македонска Каменица.






