14/06/2026

Експертите предупредуваат: Смоквата не е безбедна за садење близу домот

mylene2401 fig tree 5225954

Добро одржуваниот и уреден двор не е само естетска вредност, туку и простор за удобност, одмор и секојдневно уживање. Дрвјата често имаат важна улога во уредувањето на дворот, обезбедувајќи сенка, свежина и природна убавина. Сепак, експертите предупредуваат дека при изборот на дрвја за садење потребно е внимателно планирање, бидејќи некои видови можат да предизвикаат повеќе штета отколку корист.

Граѓаните кои живеат во куќи често се одлучуваат да засадат дрвја во близина на домот – било за сенка во летниот период или заради овошните плодови. Но, според стручњаците, пред ваква одлука неопходно е да се направи добра проценка на локацијата и карактеристиките на дрвото, а по можност и консултација со стручно лице.

Едно од дрвјата за кое се препорачува посебна внимателност е смоквата. Причината е нејзиниот инвазивен коренов систем, кој се шири брзо и агресивно, постојано барајќи извори на влага. Овие корени лесно навлегуваат во пукнатини и можат да предизвикаат оштетувања на темелите на објектите, особено ако почвата е мека или влажна.

Дополнително, корените на смоквата можат да создадат проблеми со подземната инфраструктура. Тие често се обвиваат околу водоводни и канализациски цевки, а во одредени случаи може да доведат и до нивно оштетување.

Искуствата на луѓе кои веќе се соочиле со вакви проблеми укажуваат дека смоквата не треба да се сади во непосредна близина на куќите.

Поради тоа, експертите препорачуваат ова дрво да се сади на растојание од најмалку пет метри од објектите, со цел да се намали ризикот од оштетувања и да се обезбеди безбедна и здрава животна средина.