14/06/2026

Сончево попладне со засилен ветер, од утре дожд и нестабилно време

ritae anemometer 3977718

Времето денеска (понеделник, 13 април) е сончево со умерена облачност, проследено со умерен, а на места и повремено засилен ветер од југоисточен правец. Долж Повардарието, ветерот достигнува брзина и над 60 километри на час.

Во Скопје преовладува слично време – сончево со умерена облачност и умерен до засилен југоисточен ветер.

Од утре следува промена на временските услови. Во периодот од вторник до четврток се очекува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, а во четврток ќе има услови и за изолирана појава на грмежи.

Ќе продолжи да дува југоисточен ветер, кој утре и во вторник на моменти ќе биде засилен, особено долж Повардарието каде ќе достигнува брзина над 60 километри на час.

Според најавите, во петок и сабота ќе преовладува претежно сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец.