
По кратко одложување, љубителите на филмската уметност во Македонска Каменица конечно ќе имаат можност да уживаат во проекцијата на филмот „СВАДБА“, кој доаѓа на големото платно во Домот на културата.
Станува збор за филм што носи весела и топла приказна, исполнета со комични ситуации, емоции и моменти што долго остануваат во сеќавање. Публиката ја очекува пријатна атмосфера и вечер исполнета со смеа и позитивна енергија.
Проекцијата ќе се одржи на 04 мај 2026 година (понеделник), со почеток во 20:00 часот, во Дом на култура – Македонска Каменица. Цената на билетот изнесува 200 денари.
Настанот е во организација на КИЦ „Романса“, кои упатуваат покана до сите граѓани да присуствуваат и да бидат дел од ова филмско доживување, заедно со своите пријатели и семејства.






