Интересот за новата театарска комедија „Каменица Шшш… нека остане меѓу нас” во Македонска Каменица расте, а од утре официјално започнува и продажбата на билетите за двете изведби.
Станува збор за нова театарска приказна со текст и режија на Тара Димитровска – Стаменковска, инспирирана од секојдневието, локалните муабети и препознатливите ситуации од животот во малата средина.

Претставата носи хумор, препознавање и многу комични моменти, а особено внимание привлекува учеството на познатите македонски актери Кирил Трајковски – Максим, Благој Чоревски – Чоре, Ирена Илиевска и Владо Дојчиноски, кои се дел од актерската екипа по покана на Тара Димитровска – Стаменковска.
Покрај нив, на сцената ќе настапат и повеќе актери од Македонска Каменица, носејќи автентичен локален дух и атмосфера блиска до публиката.
Премиерата е закажана за 23 мај со почеток во 18:30 часот, додека втората изведба ќе се одржи на 24 мај од 18:00 часот во Домот на културата во Македонска Каменица.
Цената на билетот изнесува 250 денари, а билетите ќе бидат достапни од утре во просториите на КИЦ „Романса“, секој работен ден од 08:00 до 15:00 часот.
„Каменица Шшш… нека остане меѓу нас” носи приказна за мал град каде сите зборуваат за сите — а ретко кој зборува за себе.





