14/06/2026

Стенд-ап вечер со Никола Тодороски во Домот на културата во Македонска Каменица – смеата е загарантирана на 5 март

Messenger creation 14056A09 18D4 4A68 83A1 F1BE9ED7EB3E

Љубителите на добрата забава и искрениот хумор на 5 март ќе имаат одлична можност да избегаат од секојдневието и да наполнат батерии со позитивна енергија.
Во Домот на култура а во организација на КИЦ „Романса“ во Македонска Каменица пристигнува стенд-ап настап на Никола Тодороски – комичар кој преку животни ситуации, духовити приказни и препознатлив хумор успева да ја насмее публиката до солзи.
Настапот ќе започне во 19:00 часот, а влезницата изнесува само 100 денари, што е одлична можност за сите генерации да си подарат вечер исполнета со смеа и добро расположение.
Организаторите најавуваат вистинска стенд-ап атмосфера, интеракција со публиката и многу моменти во кои секој ќе се пронајде.
📅 Датум: 05.03.2026 година
🕖 Време: 19:00 часот
📍 Локација: Дом на култура – Македонска Каменица
🎟 Влез: 100 денари
Резервирајте си ја вечерта и подгответе се за искрена смеа со Никола Тодороски!

Возрасно ограничување: над 16 години