13/08/2026

Собранието изгласа нов Закон за електричните тротинети: Само лица над 18 години ќе смеат да управуваат

dimitrisvetsikas1969 electric scooters 7340440 1280

Собранието денес го изгласа Законот за регулација на лесните електрични возила, со кој се воведуваат нови правила и построги санкции за користење на електричните тротинети во сообраќајот.


Според законските измени, право да управуваат со лесни електрични возила ќе имаат исклучиво лица кои наполниле 18 години, со што се зголемува досегашната старосна граница.


Законот предвидува и повисоки казни за прекршоци, меѓу кои се управување со поголема брзина од дозволената, возење под дејство на алкохол, како и превезување друго лице или малолетник на електричен тротинет.
За најтешките прекршоци е предвидена и мерка за привремено одземање на возилото во траење до 30 дена, покрај паричните казни.


Со новите законски решенија, надлежните очекуваат да се подобри безбедноста во сообраќајот, да се намали бројот на сообраќајни незгоди и да се обезбеди поголема заштита за сите учесници во сообраќајот.