13/08/2026

Малолетник затекнат при управување мопед без возачка дозвола

ChatGPT Image Jun 4 2026 10 01 58 AM

На 01.06.2026 година, во 19:40 часот на ул. „Александар Македонски“ во Македонска Каменица, полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица сопреле мопед од марката „Генерик“ без регистарски ознаки, управуван од малолетно лице од Македонска Каменица.

При извршените проверки било констатирано дека малолетникот управувал со мопедот без да поседува соодветна возачка дозвола. Со лицето бил извршен службен разговор во полициска станица, а мопедот бил одземен.

По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Од Полициското одделение Македонска Каменица апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит, доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол, со цел сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.