Дијаспората на Макеодонија минатата година испратилa во земјава 310 милиони евра, односно 2 проценти од БДП. Во апсолутни бројки дотациите бележат пад во последните години од 319 милиони евра во 2023 и 331 милион евра во 2022 година.
Од земјите во регионот во апсолутни бројки најмногу дотации лани има Србија, која добила 4.47 милијарди евра, потоа следи на Босна и Херцеговина со 1.99, Косово со 1.32 евра, Албанија со 1.28 милијарди и Црна Гора со 345 милиони евра.
Личните трансфери на пари испратени од жители на ЕУ кон лица кои не се жители на ЕУ, минатата година изнесуваат 52,1 милијарди евра, што е зголемување од 6% во споредба со 2023 година (49,2 милијарди евра), додека приливот на лични трансфери кон домаќинствата жители на ЕУ изнесува вкупно 14,8 милијарди евра, што е зголемување од 7% во споредба со 2023 година.







