
Советот на општина Македонска Каменица на 4та седница одржана на ден 29.12.2025 година донесе:
О Д Л У К А
За прогласување на тридневна жалост на подрачјето на општина Македонска Каменица
Член 1
Советот на општина Македонска Каменица прогласува тридневана жалост на подрачјето на општина Македонска Каменица поради смрт на нашата сограѓанка Симона Каранфиловска од Македонска Каменица.
Деновите 30.12.2025 година, 31.12.2025 година и 01.01.2026 година се прогласуваат за денови на жалост.
Член 2
Се одлагаат сите настани од забавен карактер организирани по повод Новогодишните празници.
Државните знамињата пред јавните институции ќе бидат спуштени на половина копје.
Член 3
Одлука влегува во сила од денот на донесувањето, а ќе се објави во „ Службен гласник на општина Македонска Каменица“.
Совет на општина М. Каменица
Претседател
Злате Алексовски






