Времето денеска ќе биде променливо облачно, со повремени локални врнежи од дожд, особено во западните делови од земјата, додека на повисоките планини ќе има врнежи од снег. Ќе дува умерен, а на места и повремено засилен ветер од јужен правец.
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во Скопје ќе преовладува променливо облачно време, со можност за повремен слаб дожд во одделни делови од котлината. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.

Утринските температури денеска се движат од –13 степени во Берово, до –4 во Кичево, додека максималните дневни температури ќе се искачат од 3 степени во Велешко, до 9 степени во Пелагонија.
Утре нè очекува слично време, но со постепено покачување на температурите. Утринските температури ќе се движат до –8 степени, а дневните ќе достигнат и до 12 степени Целзиусови.
Според метеопрогнозерот Славчо Попоски, за време на викендот Македонија ќе биде под влијание на јужно воздушно струење и продор на потопол воздух од југ. Во исто време, земјава ќе се наоѓа под влијание на циклонска активност со центар западно и северозападно од нашата територија, односно над Италија.





