14/06/2026

Студено, но со најава за пораст на температурите од недела

Денеска времето ќе биде студено и променливо облачно, со појава на сончеви интервали. Во попладневните часови, особено во западните региони, се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, додека на планините и на повисоките подрачја ќе има снег. Ќе дува умерен, а на места и засилен јужен ветер.

Минималните и максималните температури денеска ќе се движат во интервал од -13 до 6 степени.

Утре (сабота), во западните делови од земјата повторно се најавуваат повремени локални врнежи од дожд, а на планинските предели од снег. Јужниот ветер ќе биде умерен, со повремени засилувања.

Од недела, под влијание на циклонска активност, времето ќе остане променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, а температурите постепено ќе бидат во пораст, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

twig 8419709 1280