16/06/2026

Иван Јанковски најсреќен на Водици во Македонска Каменица

615825333 1587749952255837 9145965180108131779 n 1

Со традиционалното осветување на водите и спуштањето на Чесниот Крст во Каменичка Река, во Македонска Каменица денес беше одбележан големиот христијански празник Богојавление – Водици.

Светиот чин на спуштањето на Чесниот Крст го изврши надлежниот архиереј, Епископот Делчевско-каменички г. Марко, во присуство на голем број верници и граѓани.

Најсреќен меѓу 16-те пријавени учесници беше Иван Јанковски, кој го извади Чесниот Крст од водите на Каменичка Река. Нему му беше честитано за храброста и благословот што го доби на овој свет ден.

Градоначалничката на Општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова, во име на општината му подари златник како симбол на почит и признание. Покрај тоа, пригодни поклони на среќниот фаќач беа врачени и од црквата, како и од Зегин аптеки.

Празникот Водици уште еднаш го потврди заедништвото, верата и почитта кон традициите што со векови се негуваат и се пренесуваат од генерација на генерација во Македонска Каменица.