
По повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, Каменичката парохија го објави распоредот на богослужбите и свеченостите што ќе се одржат на 18 и 19 јануари 2026 година во Македонска Каменица.
📅 Недела, 18.01.2026 година
- 07:00 часот – Утрена
- 07:30 часот – Пречек на надлежниот архиереј
- 08:20 часот – Света Божествена Архиерејска Литургија
По завршувањето на литургијата ќе се изврши чин на голем Богојавленски водосвет во храмот.
Овој ден не е строг пост, туку пост на масло и вино.
📅 Понеделник, 19.01.2026 година – Богојавление (Водици)
- 07:00 часот – Утрена
- 08:00 часот – Света Божествена Литургија
🕯️ Големиот Богојавленски водосвет ќе се одржи во 12:30 часот, на мостот кај храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Македонска Каменица.
✝️ Спуштањето на Чесниот Крст во водите на Каменичка Река е предвидено околу 12:50 часот, а чинот ќе го изврши надлежниот архиереј, Епископот Делчевско-каменички г. Марко.
ℹ️ Важно известување
Сите кои сакаат да учествуваат во фаќањето на Чесниот Крст, задолжително треба да се пријават во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ најдоцна до недела, 18.01.2026 година, до 16:00 часот, со приложено медицинско уверение од матичен лекар.
Се апелира лицата кои нема да се пријават, да не скокаат во водите на Каменичка Река.
🙏 Ги повикуваме сите верници заедно да го прославиме големиот празник.
Бог се јави!





