14/06/2026

Родителите на аларм: „Нестле“ повлекува неколку брендови бебешка формула

„Нестле“ започна едно од најголемите повлекувања на бебешка формула во историјата, предизвикувајќи глобална загриженост. Во Франција се истражуваат два смртни случаи на доенчиња, а во Белгија е потврдено заболување од токсинoт цереулид.

Проблемот потекнува од фабриката на „Нестле“ во Холандија, каде била користена контаминирана состојка од кинески добавувач. Повлечени се брендови како „SMA“, „Beba“, „Guigoz“ и „Alfamino“. Во Македонија сè уште нема официјална потврда, но родителите се советуваат да проверуваат сериски броеви.

Токсинoт цереулид е отпорен на топлина и предизвикува брзи симптоми – повраќање и водена дијареја – кои можат да наликуваат на стомачен вирус. „Нестле“ соработува со меѓународните институции, а родителите треба веднаш да се консултираат со педијатар ако забележат симптоми кај своето дете.

da2075601a03cf082b1e5025d41c23dc.png