Здружението за рекреативен спортски риболов „Шаран“ од Македонска Каменица ја известува јавноста дека од 9 февруари 2026 година официјално започнува издавањето на дозволи за рекреативен риболов за претстојната сезона.

Дозволите ќе бидат достапни во трафиката „Бонви 2021“, а за нивно добивање задолжително е поседување важечка риболовна легитимација и платена членарина во МРФ за 2026 година.
💰 Цени на дозволи:
- Дневна дозвола: 300 денари
- Годишна дозвола: 3.500 денари
За млади риболовци на возраст од 15 до 18 години, цената на годишната дозвола изнесува 1.000 денари.
Децата до 15 години можат да риболоват без дозвола, но со легитимација и задолжително присуство на полнолетно лице со важечка дозвола.
🌊 Дозволен реон за риболов:
Дозволите важат за:
- езерото Калиманци
- Каменичка Река
- река Брегалница до село Митрашинци
- сите помали притоки во овој регион
Од ЗРСК „Шаран“ потсетуваат дека риболов без дозвола е строго забранет и законски казнив, и апелираат на почитување на прописите и одговорно однесување кон природата.
🎣 Бистро!
ЗРСК „Шаран“ – Македонска Каменица






