Во ноќта меѓу 15 и 16 јули 2026 година, на територијата на Општина Македонска Каменица ќе се спроведе третото терестрично прскање против комарци.
Третманот ќе се реализира во периодот од 22:00 до 02:00 часот, на површина од 200 хектари, согласно Договорот за јавна набавка за терестрична апликација за уништување на возрасни комарци (аеросолна адултицидна дезинсекција).

Активностите ќе ги спроведе ЈЗУ Центар за јавно здравје – Кочани, со употреба на соодветен инсектицид одобрен за оваа намена.
Од Општина Македонска Каменица апелираат до сите пчелари навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелните семејства за време на третманот и непосредно по неговото завршување.
Доколку временските услови не дозволуваат реализација на активностите, прскањето ќе биде одложено и ќе се изврши во првиот нареден ден со поволни временски услови.
Терестричното прскање е дел од редовните активности за намалување на популацијата на комарците и заштита на јавното здравје, со цел создавање попријатни услови за живот во текот на летниот период.






