13/08/2026

Утре вечер следува второто прскање против комарци во Општина Македонска Каменица

grb makedonska kamenica bela pozadina

Во ноќта меѓу 30 јуни и 1 јули 2026 година, на територијата на Општина Македонска Каменица ќе се спроведе второто терестрично прскање против комарци.
Третманот ќе се изведува во вечерните и ноќните часови, доколку временските услови се поволни. Во случај на дожд или други неповолни временски услови, акцијата ќе биде одложена и ќе се реализира во првиот нареден соодветен термин.
Од Општина Македонска Каменица апелираат до сопствениците на пчелни семејства навремено да преземат соодветни мерки за заштита на пчелите за време на третманот.
Целта на оваа активност е намалување на бројноста на комарците и создавање подобри услови за престој на отворено во текот на летниот период.