Почитувани верници,
Во петок и сабота, 13 и 14 февруари, Православната Црква ги одбележува Задушниците – денови посветени на молитвено сеќавање и спомен на нашите упокоени предци, сродници и ближни.
Во овие свети денови, со љубов, смирение и надеж во воскресението, принесуваме молитви кон Бога за прошка на гревовите и за упокојување на душите на починатите во Царството Небесно.

Во продолжение е распоредот на богослужбите и помените по места, согласно Каменичката парохија:
📅 Петок – 13 февруари
- 🕜 13:30 – Храм „Св. Илија“, Македонска Каменица
- 🕝 14:30 – Нови гробишта, Македонска Каменица
- 🕞 15:30 – с. Тодоровци
📅 Сабота – 14 февруари
- 🕕 06:00 – с. Саса
- 🕕 06:00 – с. Моштица
- 🕖 07:00 – Грчки гробишта
- 🕖 07:00 – с. Луковица
- 🕘 09:00 – Храм „Св. Илија“, Македонска Каменица
- 🕙 10:00 – Нови гробишта, Македонска Каменица
Ги повикуваме верниците да земат молитвено учество и со достоинство да го одбележат споменот на своите најблиски.
🕯️ Вечен им спомен.






