
Каменичката парохија ги информира верниците дека во сабота, 30 мај, Светата Православна Црква ќе ги одбележи Духовденските задушници, ден посветен на молитвен спомен за упокоените роднини, пријатели и сите православни христијани.
Во овие денови на вера, љубов и молитва, Црквата ги повикува верниците да се помолат за покој на душите на своите ближни, потсетувајќи дека љубовта не престанува со смртта и дека преку молитвата остануваме духовно соединети со оние кои се упокоиле во Господа.
По тој повод, Каменичката парохија го објави распоредот на свештениците за богослужбите и панихидите на гробиштата во Македонска Каменица и околните населени места:
🔹 с. Саса – отец Дарко, 05:45 часот
🔹 с. Моштица – отец Милан, 05:45 часот
🔹 с. Луковица – отец Дарко, 07:30 часот
🔹 Грчки гробишта – отец Милан, 07:30 часот
🔹 Св. Илија, Македонска Каменица – отец Дарко и отец Милан, 08:45 часот
🔹 Нови гробишта, Македонска Каменица – отец Дарко и отец Милан, 10:00 часот
Од Каменичката парохија ги повикуваат сите верници молитвено да земат учество во богослужбите и заедно да принесат молитва за своите упокоени ближни.
„Со светиите упокој, Христе, душите на Твоите слуги, каде што нема болка, ни тага, ни воздишка, туку живот бесконечен.“






