
Вчера во Македонска Каменица, полициските службеници лишија од слобода едно лице кое управувало моторно возило без да поседува возачка дозвола.
По извршената контрола било утврдено дека лицето управувало возило без да има положено возачки испит и без издадена возачка дозвола.
Возилото е одземено, а по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.




