14/06/2026

Врнежи од дожд и снег низ Македонија – најмногу дожд во Гевгелија

raindrop 6544618 1280

Во текот на изминатата ноќ насекаде низ Македонија беа регистрирани врнежи од дожд со променлив интензитет, како последица на влијанието на циклонот со центар над Џенова.

На планинските предели, на надморска височина над 1400 до 1500 метри, врнеше снег, а повремено дуваше и засилен ветер од јужен и југоисточен правец.

И утрово во земјава се регистрираат локални врнежи од дожд.

Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), најмногу дожд во изминатите 24 часа, заклучно со 7 часот утрово, наврна во Гевгелија – 19 литри на метар квадратен.

Во табелата подолу можете да го погледнете наврнатото количество на воден талог во изминатите 24 часа по градови и населени места во Македонија, висината на снежната покривка, како и минималните температури измерени утрово до 7 часот, на мерните станици на УХМР.

врнежи

Од понеделник започнува изразено заладување

Од понеделник (9.02) следува изразено заладување, при што студен бран од североисток ќе го зафати Балканот, вклучително и Македонија.

Ќе има осетен пад на температурите, а ќе дува и засилен северен до североисточен ветер, кој дополнително ќе го засили чувството на студ.

Утринските температури ќе се спуштаат значително, а постои и можност за појава на снег на планините, како и локално и во дел од пониските места, состојба која ќе се следи во наредните денови.

Заладувањето ќе биде најизразено во втората половина од неделата, а прогнозата ќе се ажурира со нови и подетални информации. Со заладувањето од понеделник (9.02) се очекува пад на температурите и засилен северен ветер. Локално се можни и слаби врнежи, како и краткотрајно провејување на снег, особено во утринските и вечерните часови.