14/06/2026

Променливо и врнежливо време ја одбележува првата половина од февруари

Во утринските часови низ Македонија времето е релативно благо, без појава на поголем студ, но со зголемена облачност. Температурите насекаде се позитивни, односно над нулата.

raindrop 6544618 1280

поред најавите, првата половина од февруари 2026 година ќе помине во знак на изразито променливо и често врнежливо време. Територијата на Македонија ќе биде под континуирано влијание на циклонски активности, односно поле со низок воздушен притисок со центар над Џеновскиот залив.

Во вакви услови се очекуваат чести врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат обилни и поројни, проследени со ретки грмежи и засилен ветер од јужен и југоисточен правец.

На планинските предели над 1400 до 1500 метри надморска височина, врнежите ќе бидат од снег.

Локално се најавува значително количество на воден талог, над 50 до 60 литри на метар квадратен, што повторно носи ризик од излевање на реките и појава на поплави во одредени делови од земјата.

И покрај врнежливото време, температурите ќе бидат релативно високи и над просекот за месец февруари, што значи дека екстремни студови засега не се очекуваат.