
Два случаи на шуга се потврдени кај војници во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес. Станува збор за двајца професионални војници на обука, кои се во изолација.
Како превентивна мерка, сите новопримени војници во Командата за обука и доктрини се пуштени дома. Заедно со Воено-медицинскиот центар се преземени сите потребни мерки за спречување на ширење на болеста, вклучително епидемиолошки надзор и препораки од стручни лица.
АРМ истакнува дека сместувањето и хигиената на војниците се регулирани согласно армиските стандарди, со редовна дезинфекција и чисти постелнини, а капењето е организирано плански.
Министерството за одбрана постапува според насоките на Воено-медицинскиот центар.






