Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива во зимски услови, а на одредени делници коловозите се влажни. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, додека на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Од АМСМ апелираат возачите да ја прилагодат брзината на движење, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да управуваат внимателно со возилата, особено на патиштата што минуваат низ котлини, речни долини и клисури, каде што постои зголемен ризик од одрони.
Посебно внимание се препорачува на следните патни правци:
Катланово – Велес,
Маврово – Дебар – Струга,
Виница – Берово,
Кочани – Делчево.
Во исто време, многу влажниот период со чести врнежи од дожд, а на планините и од снег, ќе продолжи и во текот на следната седмица. Причина за ваквата временска состојба е длабок циклон над Балканот, кој ќе донесе променливо време со обилни врнежи и засилен ветер.
Според најавите, од околу 15 февруари се очекува осетно заладување, како и спуштање на снежната граница, што дополнително ќе ги отежни условите за сообраќај на повеќе патни правци низ земјава.
Надлежните апелираат возачите редовно да се информираат за состојбата на патиштата и да возат внимателно.






