14/06/2026

Свечено доделување награди на затвореното шаховско првенство во Македонска Каменица

Во организација на Шаховски клуб Саса, во Македонска Каменица се одржа свечено доделување на наградите за затвореното шаховско првенство, со учество на натпреварувачи во четири категории – пионери, младинци, жени и сениори.

На настанот обраќања имаа претседателот на ШК Саса, Лазо Стаменковски, и градоначалничката на Општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова, кои воедно ги доделија наградите на најуспешните учесници. Тие ја истакнаа важноста на шахот како спорт кој поттикнува логичко размислување, дисциплина и меѓугенерациско поврзување.

Покрај наградите, на најмладите членови им беа доделени и новогодишни пакетчиња, што придонесе за празнична и радосна атмосфера.

Организаторите изразија задоволство од интересот и учеството, упатувајќи честитки до сите натпреварувачи и желби за среќни празници и успешна Нова година.

603852264 1313209077501187 2397542784145295055 n 1
608110119 1313211057500989 8935534773569072796 n 1
603856346 1313210880834340 8278250583415732247 n 1
603807680 1313211117500983 5706041280846997038 n 1
602330665 1313211350834293 9116008373088987278 n 1
606842588 1313211244167637 3697348010792242653 n 1
605536596 1313210874167674 2917615417996593791 n 1
605296100 1313211450834283 5558655993435741713 n 1